Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Скопје гореше на Paul Van Dyk!

Скопје гореше на настапите на повеќе познати ДЏ на традиционалниот „Скопје гори!“ фестивал, а ѕвезда на вечерта беше познатиот светски ДЏ Paul Van Dyk.

Фестивалот во организација на Авалон продукција се одржа на помошното игралиште од спортскиот клуб „Работнички“ (до клуб Маракана) во Градскиот парк, но тоа не беше причина повеќе илјади љубители на музиката на познатите ДЏ да присуствуваат на фестивалот.

реклама

Како што знаете на фестивалот Скопје Гори досега настапиле едни од најголемите музички имиња како Massive Atack, Billy Idol, Hurts, Orbital, Public Enemy ….. оваа година на звучната листа на светски изведувачи се запиша и Paul Van Dyk кој во склоп на својата светска турнеја, го промовира својот нов албум кој е продолжение на неговиот најуспешен албум „The Politics Of Dancing 3“.

Во продолжение погледнете ја атмосферата од настанот низ објективот на нашиот фоторепортер Атанас Стојановски:

This slideshow requires JavaScript.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.