Следи нѐ
To Top

Голем шумски пожар во Кумановско

Голем пожар на висока борова шума денеска избувна на територија на населеното место Слупчане, Кумановско, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Оттаму посочуваат дека пожарот околу 12:30 бил изгаснат, но подоцна повторно е активиран.

реклама

– На лице место има две противпожарни возила со 10 пожарникари, во приправност се уште 10 лица, но поради непристапниот терен и горење на крошните на дрвата кои се високо не е овозможен пристап на други лица, соопшти ДЗС.

Од Дирекцијата потенцираат дека пожар на дабова шума на непристапен терен е активиран и на територија на населеното место Матејче, Кумановско.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.