Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Дино Мерлин и Гоца Тржан во посета на гробот на Тоше Проески во Крушево

МК Сцена

ФОТОГАЛЕРИЈА: Дино Мерлин и Гоца Тржан во посета на гробот на Тоше Проески во Крушево

Балканските ѕвезди Дино Мерлин и Гоца Тржан кои вечерва ќе настапат на затворањето на Пивофест во Прилеп денеска имаа можност да се прошетаат во Крушево и да го посетат гробот на Тоше Проески.

Тие беа придружувани од градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески и градоначалникот на општина Крушево, Ѓорги Дамчевски.

Во емотивната посета Мерлин и Тржан поставија свежо цвеќе на гробот на Проески, а потоа имаа специјална тура низ спомен-куќата на Тоше во Крушево.

– „Ова ми е првпат во Крушево и сум воодушевен! Навистина ми е жал што во животот ја немав шансата лично да се запознаам со Тоше Проески, но во оваа прошетка низ Крушево и низ спомен-куќата дознав многу убави работи за неговиот живот и можам само да кажам дека Тоше беше една од најголемите балкански ѕвезди“ – изјави Дино Мерлин.

11737058_862219603846395_1859734113_n

Гоца Тржан емотивно ја доживеа посетата на гробот на Проески и не ги воздржуваше солзите.

– „Тоше беше прекрасна личност, добар другар, фасцинантен вокал, најдобар интерпретатор на македонските песни. Оваа посета беше емотивна за мене, затоа што навистина го сакав Тоше“ – додаде Тржан.

Инаку Дино Мерлин и Гоца Тржан се сместени во хотелот Монтана Палас во Крушево каде се дојдени со нивната екипа. 41-годишната Гоца Тржан ја придружува и нејзиниот 14 години помал вереник Радомир Новаќовиќ-Рашо.

11774752_862219973846358_1747890690_n

Во продолжение погледнете ја ексклузивната фотогалерија на Популарно.мк:

This slideshow requires JavaScript.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.