Следи нѐ
To Top

10.000 луѓе на втората вечер на Д Фестивал во Дојран – вечерва финале со Ману Чао

Речиси десет илјади луѓе присуствуваа на втората вечер на Д Фестивал, која беше распродадена околу полноќ.

Сабота, 18.07.2015 ќе остане запомнет како ден кога во Дојран се случи нешто, кое не само што не е видено во малиот град, туку е реткост во македонската фестивалска историја. Паркингот Гранит беше полн, расположението на највисоко можно ниво, а забавата по највисоките стандарди.

Но, пред нас е последната и главна вечер, за која се’ уште има достапни влезници, чиј број се намалува од час во час.

unnamed (16)

Оние што беа дел од оваа историска ноќ имаа прилика да уживаат во врвна програма. Кирил Џајковски и ТК Вондер, Фолтин, ПМГ Колектив, Љубојна Брас Фантази и Фулиш Грин, понудија експлозивна забава за повеќе вкусови.

Вечерта за која ќе се зборува почна питомо и со квалитетните звуци на Фулиш Грин, на што одлично се надоврзаа ЗАА, а Љубојна Брас Фантази ја искористија приликата да ја развијат ноќта во ним својствен стил. А потоа, нешто сосема поинакво – ПМГ Колектив, со оригинален скопски денс поп звук, како совршена подготовка за најдоброто од Битола – Фолтин.

Тогаш на сцената се појавија Кирил Џајковски и ТК Вондер, настап што го одзеде здивот на илјадниците привилегирани посетители, кои потонаа во еуфоријата на звукот на Џајковски, засилен од едната и единствена – ТК Вондер.

unnamed (17)

Неверојатната посетеност и возбудата од вчера, даваат јасна визија за она што не’ очекува утре:

МАНУ ЧАО ЛА ВЕНТУРА ВО ДОЈРАН

Имајќи предвид дека утрешниот финиш на Д Фестивал ќе привлече најмногу публика, решивме да ги прошириме капацитетите на паркингот Гранит.

Оградите кои се наоѓаат на влезот на Д Фестивал ќе бидат поместени на сметка на паркинг просторот, со единствена цел, на посетителите да им се овозможи најпријатното искуство во последниве години во Македонија. Поместувањето ќе овозможи дополнителен простор за најмалку 500 посетители.

Имајте предвид дека вратите на Д Фестивал се отвораат во 19 часот. За максимално да уживаме во утрешниот спектакл, на нашите гости им препорачуваме да ја искористат можноста и на време да ја фатат својата позиција за најдобриот концерт во Македонија.

Покрај приликата да се види Ману Чао под отворено небо во Дојран, денешниот ден нуди многу дополнителни активности. Пред се’, тука е втората фестивалска сцена – Mosquito Stage, со следнава програма:

11:00 – 12:00 Будење со зумба

13:00 – 13:30 Александар Пешевски

15:10 – 16:00 Џун

16:30 – 17:30 Брука Бенд

Пред настапот на Ману Чао Ла Вентура, главната сцена има одлична програма со следниов распоред:

20:00 – 20:30 Бла Бла Бла…

20:40 – 21:30 Баилдса (Грција)

22:00 – 24:00 Ману Чао Ла Вентура

00:15 – 01:00 Драм Енд Брас Трио

Билетите за последната вечер на Д Фестивал чинат 450 денари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.