Следи нѐ
To Top

Голем шумски пожар кај велешките села Чолошево и Дурутовец

Голем пожар беснее во атарот на селата Челошево и Дорутовец, информираат од Противпожарната единица (ППЕ) во Велес.

Пожарот кај нив бил пријавен попладнево во 14 часот и 40 минути кога на терен заминале две екипи со три противпожарни возила на ППЕ, како и екипа на ЈП Подружница Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес.

реклама

Според информацијата од ППЕ тие се уште се на терен и се борат со огнената стихија со која е зафатена поголема површина под бор и чемпрес.

Во гаснење на пожарот веќе се вклучуваат и жителите од овие села, кои се загрижени со пожарот да бидат зафатени и нивните лозја и ниви со тутун.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.