Следи нѐ
To Top

ФОТО КОНКУРС: #ДелувајСега, испрати фотографија и освој вредни награди

Пред претстојниот самит во Париз, каде владини претставници од 196 земји ќе се состанат за да креираат нов глобален договор за климатски промени, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Француската Амбасада во Скопје и Министерството за Животна Средина и просторно планирање, се здружија за да го лансираат фото конкурсот на социјалната мрежа Фејсбук, со цел да се подигне свеста за ефектите кои ги имаат климатските промени.

#ДелувајСега! е отворен повик за сите македонски граѓани, повикувајќи ги да ги искористат своите фотографски вештини за да ги уловат односно да ги фотографираат ефектите на климатските промени.

реклама

Кандидатите ќе имаат можност да учествуваат на било која од следните десет категории:

Климатските промени и водата
Климатските промени и здравјето
Климатските промени и туризмот
Климатските промени и транспортот
Климатските промени и културното наследство
Климатските промени и шумите
Климатските промени и земјоделството
Климатските промени и природните катастрофи
Климатските промени и биодиверзитет
Климатските промени и обновливи извори на енергија

Членови од јавноста можат да фотографираат со било која камера и да ги пратат своите фотографии директно на фан страната #ДелувајСега на Фејсбук до 15ти ноември, 2015 година.

Наградите ќе бидат доделени на две најдобри фотографии за секоја од десетте категории. Наградите вклучуваат велосипеди и фото-камери.

Победниците ќе бидат селектирани врз база на лајкови на Фејсбук (50%) и врз база на гласови на интернационално жири (50%).

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.