//
Следи нѐ
To Top

ВНИМАВАЈТЕ: Топлото време предизвикува здравствени проблеми

Топлото време и екстремно високите температури што ја зафатија Македонија можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми кај наслението, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.

Особено лоши биометеоролошки услови, според синоптичарите, ќе има во текот на претстојната ноќ. Можни се главоболки, болки во колената, на грбот и вратни болки.

реклама

Во ноќните часови, пак, се очекува честа појава на општа слабост, а кај некои ќе се појави и чувство на тежина во главата. В

о раните утрински часови, болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени, ќе бидат се подолготрајни, укажува УХМР.

Времето и утре ќе биде сончево со високи температури кои ќе достигнат до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде 8.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: