Поврзи се со нас

Популарно.мк

Епл патентира соларно полнење на уреди

Мобилни

Епл патентира соларно полнење на уреди

Американската компанија „Епл“ поднесе барање за заштита на технологија што ќе користи соларни ќелии во сензорите за допир на своите уреди. 

Епл досега има над 16 иновации поврзани со солано полнење на идните производи на компанијата, од компјутери до смартфони.

Веќе се појавија информации дека оваа технологија може да се очекува на новиот АјФон 7, каде соларните ќелии би биле вградени под екранот чувствителен на допир. Новиот АјФон 7 би требало да има и нешто поголем екран од претходникот, што секако ја поддржува идејата за соларно полнење на уредот.

Постарите модели имаат мал простор над и под екранот за работи како што е „дома“ копчето, но кај новиот модел овој дел може да биде отстранет, што го прави АјФон 7 идеален уред за новата технологија.

Новиот иОС9, исто така, има опција што нуди штедење на батеријата, односно го продолжува траењето на батеријата на начин што се исклучуваат позадинските апликации кои трошат ресурси.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.