Следи нѐ
To Top

На која категорија љубители на алкохол припаѓате?

Истражувачи од Универзитетот во Мисури проучувајќи го однесувањето на луѓето во текот на конзумирањето алкохол, заклучиле дека постојат четири категории љубители на чашката.

По испиени неколку коктели или жестоки пијалоци, некои лица стапуваат во контат со непознати луѓе, други бараат конфликт, а некои со часови се смеат без никаква причина.

реклама

Две лица можат да испијат иста количина алкохол, а нивното однесување да биде дијаметрално спротивно. Токму со оваа појава се занимаваа американските психолози.

Нивната студија, објавена во списанието „Addiction Research&Theory“ дојде до заклучок дека постојат четири категории на луѓе кои пијат алкохол.

Во првата, наречена „Ернест Хемингвеj“, потпаднале 40 отсто од 374 лица кои биле опфатени со истражувањето. Станува збор за поединци кои добро поднесуваат алкохол и кои под влијание на алкохолот не ја менуваат личноста.

Во втората, „Мери Попинс“ категорија, спаѓаат оние кои по извесна количина алкохол стануваат повесели, подобродушни.

Луѓето кои со секоја испиена чашка се повеќе го менуваат своето однесување ја сочинуваат групата „Луди професори“. Обично природно интровертни, овие лица добиваат самодоверба и се подруштвени кога ќе испијат повеќе чаши.

Последната група, т.н. група „Господин Хајд“, се луѓе кои под дејство на алкохол имаат тенденција да го загубат умот и стануваат неодговорни и поагресивни.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.