Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Јелена Карлеуша најавува жежок викенд во Охрид!

МК Сцена

Јелена Карлеуша најавува жежок викенд во Охрид!

Откако ги наполни сите познати светски магазини и портали, најозборуваната српска пејачка викендов ќе ја подгрее и онака жешката атмосфера во Македонија.

Карлеуша за првпат доаѓа во Охрид каде што во петок ( 24.07) ќе одржи целовечерен концерт во дискотеката „Калео“ која важи за една од најголемите дискотеки во Македонија. Позната по својот ексцентричен стил таа најверојатно во Охрид ќе долета со приватен авион, а нејзиниот настап ќе биде вистинско шоу какво што само таа знае да направи: провокативни точки, секси костуми, „флерт“ со публиката.

Заедно со Јелена доаѓа тимот кој се грижи за неа, како и неколку атрактивни танчерки и танчери, а за секоја песна пејачката има подготвено специјални визуелни ефекти и кореографија.

jk1

По концертот популарната ЈК ќе остане во нашиот езерски бисер, а туристите ќе имаат можност одблиску да се восхитуваат на заносните облини на најзгодната балканска блондинка.

Со оглед на тоа што после 15 години ова и е прв настап во Македонија, интересот е огромен, а картите во претпродажба се по симболична цена од 300 денари и можат да се набават на градскиот плоштад во Охрид. На врата влезот ќе чини 500 денари.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.