Следи нѐ
To Top

Џајковски и ТК Вондер за уште пограндиозен Хајнекен Грин Бич Фестивал

На 1-ви август, ден по настапот на Фед Ле Гранд на плажа Парк во Охрид, на истата локација ги имаме Кирил Џајковски и ТК Вондер!

Ова ќе биде нивен прв настап на Хајнекен Грин Бич Фестивал. Посетителите ќе имаат екстра можност да бидат дел од неверојатна дводневна забава на преубавата плажа Парк, и тоа со една единствена супер промотивна влезница од 400 денари. ВИП картите ќе чинат 700 денари.

реклама

Имајќи предвид дека оние што ќе го сведочат сензационалниот диџеј сет на холандската денс супер ѕвезда, Фед Ле Гранд, нема да можат да престанат со танцување, за 6-то издание на Хајнекен Грин Бич Фестивал им овозможуваме продолжение од соништата.

Целодневната програма на 1-ви август, сабота, ќе биде пополнета со повеќе атрактивни македонски диџеи, со што ќе ја заокружиме програматаа за најексплозивниот викенд ова лето.

Шоуто на Фед Ле Гранд не се пропушта, а Хајнекен Грин Бич Фестивал е идеална локација за вистински да се доживее овој спектакл за кој ред чека целиот свет. Фед Ле Гранд во Охрид ни пристига со приватен авион и продукциски тим одговорен на звукот и визуелните ефетки на настанот.

Локалната поддршка на Фед Ле Гранд доаѓа од Никофор, Ајсберг, Лефанк и Диџеј Боби.

На 01.08, сабота не очекува супер адреналинско продолжение на журката што ќе ја приреди Фед Ле Гранд. Кирил Џајковски и ТК Вондер ќе го задржат, па и засилат интензитетот на Фед Ле Гранд и ќе го затворат најсилниот викенд во 2015-та. Омилениот Џајковски, заедно со единствената ТК Вондер, кои ја распродадоа втората ноќ на Д Фестивал во Дојран, ќе се погрижат за незаборавно шизење на плажа Парк.

Џајковски и ТК Вондер, со нивното шоу ја воодушевуваат Европа веќе неколку години и не е случајно што ним им ја даваме честа да го крунисаат Хајнекен Грин Бич Фестивал. Кулминацијата на настанот број еден ова лето ќе се случи по целодневна журка на плажа Парк на 1-ви, каде покрај Џајковски и ТК Вондер, ќе настапат повеќе возбудливи домашни артисти.

Хајнекен Грин Бич Фестивал годинава ќе биде засилен со до сега невидено озвучување и визуелно искуство по највисоките стандарди со што остануваме во групата на европски фестивали од самиот врв. Откако на единствениот вистински подиум во Македонија ги пречекавме најзначајните имиња во денс светот, како Армин Ван Бурен, Пол Ван Дајк, Карл Кокс, Џон Дигвид, Фери Корстен и Роџер Санчез, решивме да ја прошириме приказната. Пред нас се неодоливи 48 часа журка на плажа кои не се пропуштаат по ниедна цена.

Најубавиот викенд во годината поминете го на најдобрата журка!

Влезниците до 29-ти јули се продаваат по неверојатна цена од 400 и 700 денари за ВИП. Во четврток и петок (30-ти и 31-ви) ќе чинат 500 и 800 за ВИП, а на самиот влез истите ќе можат да се набават за 600 и 1.000 денари.

Доколку доаѓате само на 1-ви август, кога настапуваат Џајковски и ТК Вондер, картата ќе ве чини 250 денари или 500 за ВИП.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.