//
Следи нѐ
To Top

14-годишно дете тешко повредено во сообраќајка во Куманово

Четиринаесет годишниот Д.П од Богданци е тешко повреден во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи  во 16.50 часот на обиколниот пат кон населбата „Карпош“ во Куманово, информираа денеска од кумановската полиција.

Момчето е пренесно во кумановската болница и поради сериозноста на повредите пренесен е во скопскиот клинички центар.
Како што соопштија од СВР Куманово во момчето удрил автомобил „мерцедес“ со кумановски регистарски таблици, управуван од 36 годишната Г.С од Куманово.
Несреќата, информираше портпаролот на СВР Куманово,Валентина Николовска, се случила кога и автомобилот и пешакот се движеле по десната коловозна лента на патот. На момчето му паднала топката која ја носел во раце и тоа се стрчало по неа. Во тој момент на обиколниот пат се движел и „мерцедесот“ кој удрил во пешакот.

реклама

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: