//
Следи нѐ
To Top

Дејвид Бекам донираше 100.000 долари на сиромашно семејство

Дејвид Бекам многу одамна докажа дека е голем фудбалер, а сега докажа дека е и голем човек, откако на на едно сиромашно семејство од Калифорнија му донираше дури 100.000 долари.

Поранешениот фудбалер учествуваше во телевизиската емисија „Knock Knock Live“ во кое познати и славни личности им тропаат на врата на сиромашни семејства без претходна најава, а потоа им го олеснуваат тешкиот живот со финансиски средства.

реклама

Бекам беше во домот на семејството Гонзалез. Таткото Виктор самиот бил фудбалер, но морал да ја прекине кариерата и да се вработи на градилиште за да го прехрани семејството. Заради работата семејството го гледа еднаш месечно.

Кога виделе кој е на вратата, членовите на семејството биле воодушевени. Бекам им се претставил, а тие со насмевка одговориле: „Занаеме кој сте Вие“.

– Ми кажаа се за Вашето семејство, мило ми е што сум во вашиот дом, рече Бекам пред да му го даде на Виктор чекот од 100.000 долари.

Членовите на семејството Гонзалез плачеа од среќа, а Бекам покрај чекот ги изненади и со подароци.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: