Поврзи се со нас

Популарно.мк

Уште една недела до големиот концерт на Здравко Чолиќ во Охрид!

МК Сцена

Уште една недела до големиот концерт на Здравко Чолиќ во Охрид!

Одбројувањето може да почне зашто до концертниот спектакл со најголемата екс ју ѕвезда – Здравко Чолиќ остана уште само една недела. Веќе се е подготвено за настанот кој ќе го одбележи летото, а кој е закажан на стадионот “Биљанини извори” во Охрид.

На сцената Чола, кој во Охрид ќе пристигне неколку дена порано за да може максимално да ужива во убавините на омилениот град, ќе ги отпее најголемите хитови од својата неколкудецениска музичка кариера, а концертот е предвидено да трае околу три часа часа.

Иако важи за една од најголемите ѕвезди од поранешната република Здравко е скромен и речиси нема никакви барања кои организаторите треба да му ги исполнат за време на престојот во Охрид. Единствената работа за која замоли е да добие сместување со поглед на езерото, а така е затоа што е вљубен во градот, кој вели е единственото место каде може максимално да се опушти и да ужива.

“Охрид е еден од моите омилени градови и таму секогаш одржувам најдобри концерти. Македонците се распеана нација и навистина ми претставува задоволство кога пеам за нив и со нив”, вели чолиќ.

За загревањето на атмосферата, пак, пред официјалниот старт на концертот, ќе биде задолжен младиот Ален Хасановиќ, кој во јавноста се прослави благодарение на музичкото натпреварување Ѕвзедите на Гранд.

Вратите на стадионот “Биљанини извори” ќе бидат отворени уште од 20 часот. Влезниците за концертот, кој е во склоп на летната турнеја на чола и во чии рамки веќе гостуваше во неколку града во регионов, може да се набават по цена од 500 денари и на сите продажни места на купикартизасе.мк

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.