Следи нѐ
To Top

Полицијата има осомничен за убиството во Струга

Едно лице е приведено поради постоење основано сомнение за можна поврзаност со денешното убиство во Струга, информира попладнево портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Димоски не откри повеќе детали во врска со случајот, но посочи дека СВР Охрид ќе изврши разговори и ќе продолжи со преземање мерки за негово расчистување.

реклама

Околу 13.15 часот на улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга од возило во движење, марка „Голф“, било пукано врз жител на Струга, роден 1973 година. Повредениот бил префрлен во Струшката болница каде им подлегнал на повредите.

Дел од медиумите објавија дека застреланиот е Аргетим Асани, заменик директор на УЈП, член на Управниот одбор на ФФМ и член на ДУИ. Партијата во меѓувреме демантираше дека тој е нивни член.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.