Следи нѐ
To Top

Сончево со мала облачност, температура до 38 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од југозападен правец. 

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 31 до 38 степени.

реклама

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб доумерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе биде околу 19, а дневната ќе достигне до 37 степени.

Во охридско-преспанскиот регион во попладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе биде околу 18, а дневната ќе достигне до 31 степен. Во дојранскиот регион ќе биде сончево со температура до 38 степени.

Утре во поголем дел од земјава ќе биде сончево и топло, само во западните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од вторник се очекува сончево и уште потопло време со температури на места и над 40 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.