Следи нѐ
To Top

Времето денес: Сончево и топло – од понеделник температурата ќе се искачи над 40 степени!

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. 

Повремено ќе дува умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува 8. Температурата ќе се движи од 24 до 37 степени.

реклама

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 20, а дневната ќе достигне до 35 степени.

Во текот на следната недела под влијание на многу топла и сува воздушна маса ќе преовладува сончево и уште потопло време со температури на повеќе места над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.