Следи нѐ
To Top

Невреме во северниот и северозападниот дел на Македонија

Попладневно регионот на северозападниот и северниот дел од Земјава го зафати невреме, проследено со силен ветер и грмотевици.

Од УХМР информираат дека поминал ладен фронтален систем кој беше проследен со локални врнежи од дожд, силни електрични празнења и силен ветер кој наместа достигнуваше до 100 км на час.

реклама

Фронталниот систем се повлекува од северозапад кон југоистокисток и постепено ја намалува јачината.

Како што информираат на мерните места нема наврнато големи количини воден талог, а во северните делови наместа наврнаа по 1 литат на м2 воден талог.

Во текот на утрешниот ден ќе настапи постепено стабилизирање на времето, но во источните делови се уште е можна изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. А потоа до петок следува стабилно и суво и многу топло со температура на повеќе места над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.