Следи нѐ
To Top

ФОТО: Одадена почит за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје

На Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции денеска положија цвеќе пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го разори Скопје.

Цвеќе во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија и официјална делегација на Градот Скопје, составена од градоначалникот Коце Трајановски  и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, делегации на Владата, на Собранието на Република Македонија, од Министерството за одбрана на РМ, делегации од политичките партии, од сите општини на Град Скопје, делегации од дипломатскиот кор во Македонија, како и од здруженија на граѓани и други организации.

реклама

Цвеќе положија и делегации на јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје и членовите на Црвениот крст, и припадници на други јавни институции од земјава оддавајќи им почит на жртвите во катастрофалниот земјотрес во далечната 1963 година.

Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот,  на крводарителска акција  што традиционално ја  организира  Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот.

Вечерва во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“, а во 20:30 часот, градоначалникот Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе  ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.