Следи нѐ
To Top

TEDxBASSalon настан во Скопје: Дали едукативниот систем ја убива креативноста?

Како што растеме, дали ја губиме нашата имагинација и креативност? Зошто? Дали можеби едукативниот систем ни ја одзема нашата оригиналност и индивидуалност? Дали формалниот образовен систем базиран на цврсти податоци и помнење на информации од нас создава само памтечки “роботи”?

Дали нашиот едукативен систем нe толерира решенија и идеи надвор од она понуденото во учебниците? Како сето ова да го подобриме? Кои идеи, доколку се споделат, сеуште може да влијаат, предизвикаат дискусија вредна за учествување а воедно и за генерирање на нови замисли за тоа како еден современ образовен систем би требало да изгледа?

реклама

Со оваа мисла на ум, а поттикнати од потребата за дискусија, TEDxBASSalon организира збир на интимни и интерактивни настани коишто имаат за цел да ја соберат локалната TED заедница на едно место, каде што љубопитните умови се собираат да истражат нови идеи и нови начини на размислување.

Настан со салонски карактер којшто ја држи TEDx заедницата будна и ангажирана. Уникатен вид на собир со цел да се развие дискусија и разговорот да продолжи лице во лице.

Следејќи ги принципите на ТЕД, односно „идеи што вредат да се споделуваат“ (ideas worth spreading), TEDxBASSalon (x=независно организиран настан) Ве поканува на првата серија на настани каде што ќе се дискутира на тема „Дали едукативниот систем ја убива или ја стимулира креативност“ на 30 јули со почеток од 19 часот во просториите на Бизнис Академија Смилевски – Скопје.

TEDx poster 2

Предводена од страна на група волонтери и со поддршка на Бизнис Академија Смилевски и NGO SmartUp – Creating the geeks of tomorrow, на официјалниот лиценциран настан на TEDxBASSalon ќе се прикажат 2 TED говори од светски познатиот експерт за креативност и образование Ken Robinson којшто вели дека се започнува со едукативниот систем кој влијае во создавањето на секој карактер на секој човек на планетата Земја. На настанот ќе се прикажат официјалните видеа на „TED, Do schools kill creativity?“ и „How to escape education’s death valley?“ проследени со панел дискусија со публиката и модерирано од страна на Огнен Јанески.

Бидете дел од ова уникатно искуство и место каде што ќе можете да ги истакнете вашите перспективи и идеи, место каде што слушањето е исто толку важно колку и зборувањето.

Учеството е бесплатно, но бројот на места е ограничено. Сите дополнителни детали можете да ги погледнете на Facebook настанот каде што можете да ја пронајдете и формата за пријавување.

Покрај прикажувате и дискусија на TED говорите, овој тип на настани во иднина ќе вклучува и почесни гости кои што се ескперти за дадена област. Тимот на TEDхBASSalon ве очекува вас и вашите погледи на светот на првиот официјален TEDxBASSalon настан во Македонија!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.