Следи нѐ
To Top

Еден убиен, еден тешко повреден во кумановска Дива населба

Седумдесет и едногодишниот Риза Р. починал, а неговиот син дваесет и деветгодишниот А.Р е во критична состојба откако во нив во 11:20 часот на ул. „Тоде Мендол“ во Куманово пукало лице од Косово, сопшти кумановската полиција.

А.Р. поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар во Скопје.

реклама

– Донесен е пациент со повреди од огнено оружје со две огнострелни рани во пределот на градниот кош и со две огнострелни рани на горните екстремитети. Пациентот беше во тешка здравствена состојба, по соодветен третман за обезбедување на виталните функции со обезбедени повреди во присуство на анестезиолог е проследен до Ургентен центар Скопје, изјави денеска д-р Стефан Трајановски, дежурен хирург во Општа болница Куманово.

СВР Куманово трага по лицето од Косово.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.