Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Експлозија во Аеродром во близина на СВР-Скопје: Нема повредени, оштетени три возила

Актуелно

Експлозија во Аеродром во близина на СВР-Скопје: Нема повредени, оштетени три возила

Во близина на зградата на СВР-Скопје во скопски Аеродром се случила силна детонација околу 15 минути по полноќ. Нема повредени лица, оштетени се прозорски стакла и три возила.

Како што изјави за МИА помошник министерот за внатрешни работи Иво Котевски, ноќеска непознат сторител дошол во близина на зградата на Секторот за внатрешни работи во Скопје и фрлил експлозивна направа која експлодирала на работ од тротоарот на паркингот во близина на објектот.

– Веднаш е излезено на лице место, подигнати се траги за вештачење. Непознатиот сторител откако ја фрлил експлозивната направа избегал, појасни Котевски, додавајќи оти според првичните сознанија, најверојатно се работи за рачна бомба.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.