Поврзи се со нас

Популарно.мк

Италија: 1000 музичари со песна ги повикаа Foo Fighters да одржат концерт

Ви препорачуваме

Италија: 1000 музичари со песна ги повикаа Foo Fighters да одржат концерт

Вистински обожаватели – 1000 музичари ја изведоа заедно песната „Learn to Fly“ од Foo Fighters, со цел да го убедат бендот на Дејвид Грол да дојде и да одржи концерт во чезена, северна Италија.

Проектот наречен „Rockin 1000“ обедини илјада тапанари, басисти и гитаристи, чија совршено синхронизирана изведа беше денеска поставена на Интернет.

Иницијаторите на идејата објаснуваат дека бендот не бил кај нив од 1997 година и оти со нешто „вака лудо“ сакале да ги убедат да одржат концерт.

– Беше потребно да организираме нешто што ќе го воодушеви цел свет и што Дејвид Грол би можел да го види, наведуваат иницијаторите, додавајќи дека им била потребна една недела за да го соберат овој мега – бенд.

Засега, групата од Сиетл не се огласили, но со оглед на блискоста на Грол со фановите не е исклучено дека иницијативата на италијанските обожаватели ќе вроди со плод.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.