//
Следи нѐ
To Top

ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Во Скопје, Штип и Гевгелија најтопло со 40 степени

Максималната температура од 40 степени денеска е измерена во Скопје, Штип и Гевгелија. Во Демир Капија се измерени 39, во Струмица и Тетово 38, во Битола, Прилеп и Виница 37, Крива Паланка, Тополчани и Претор 36, Пожаране 35, Берово и Охрид 34 и во Маврово и Лазарополе 30 степени. 

Според информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи до крајот на денот времето ќе биде малку  до умерено  облачно со слаб до умерен северозападен ветер, а долж Повардарието повремено ветерот ќе се засилува.

реклама

Времето утре ќе биде променливо облачно и малку посвежо време.  Ќе има сончеви и периоди со повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат застапени во планинските подрачјано претежно ќе бидат во утринските и во доцните вечерни часови.

Ке дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утрнската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14  до 21, а највисоката, се очекува да достигне  од 33 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно  со сончеви периоди со услови за краткотраен дожд  и со умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до околу 19, а највисоката дневна ќе достигне до  36 степени.

Во наредните денови ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и малку по пријатно време. Дневната температура ќе опадне за неколку степени, но во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена  со краткотраен  пороен  дожд и ретки грмежи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: