Следи нѐ
To Top

Промовиран Windows 10 кој е бесплатно достапен во 190 земји ширум светот

Microsoft соопшти дека Windows 10 од вчера е достапен како бесплатна надградба или со нови компјутери и таблети. Windows 10, вклучува иновации како што се Cortana, апликацијата на Xbox и Microsoft Еџ за веќе познато, но сепак поперсонално и продуктивно искуство.

Најсигурниот Windows воопшто создаден, Windows 10 е даден како услуга и автоматски се синхронизира со последните иновации и безбедносни ажурирања. Windows 10 нуди искуство за сите уреди според потребата, вклучувајќи персонални компјутери, таблети, мобилни телефони, Raspberry Pi, Xbox One, HoloLens и други – со повеќе од 2.000 уреди и конфигурации кои веќе се тестираат.

реклама

Новите Windows Store и Windows Software Development Kit, кои исто така, станаа достапни во средата, ги открија новите иновативни искуства за апликации на Windows 10.

Windows 10 е брз и познат – со враќање на Start менито и Live Tiles за инстант, стриминг ажурирања на она што е најважно. Windows 10 е најсигурниот Windows кој Мајкрософт некогаш го создал, со подобрувања во Windows Defender и SmartScreen за да им помогне за заштита против вируси, малициозен софтвер и phishing и нови иновации како Windows Hello, која нуди брз и безбеден начин да се логирате без лозинка.

Ажурирањето е исто така едноставно, бесплатните ажурирања, ќе им помогнат на луѓето да останат во тек со најновите прилагодувања,а безбедносни ажурирања ќе го продолжат животниот век на уредот.

Луѓе од целиот свет го прославија почетокот на Windows 10, во средата на фан прослави во 13 земји преку новa едногодишна иницијатива за да ги означат луѓето и организациите кои со секојдневната работа го прават светот едно поубаво место за живот.

Microsoft ги поттикнува луѓето да споделат како тие го прават светот едно поубаво место за живот #UpgradeYourWorld и да гласаат за глобалната непрофитна организација и да добијат донација во кеш со едноставно означување на нивниот профил на социјални мрежи со користење #UpgradeYourWorld и #vote на Instagram, Фејсбук или Твитер. Повеќе информации за #UpgradeYourWorld може да се најде на http://www.windows.com/upgradeyourworld.

“Денес започнува новата ера на Windows. Од самиот почеток, Windows 10 е уникатен – изграден со повратни информации од над 5 милиони фанови, создаден како услуга и понуден како бесплатна надградба “, изјави Тери Маерсон, извршен потпретседател, Windows and Devices група, во Microsoft.

“Windows 10 доаѓа со визија за по-личен, естетски, мобилен и безбен дофат на потребите со технологиите. Заедно со нашите партнери, возбудени сме да го предложиме најдобриот Windows досега, кој ќе ги поттикне луѓето и организациите од целиот свет да направат извонредни нешта. “

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.