//
Следи нѐ
To Top

Времето денеска: Посвежо со развој на нестабилна облачност со дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и малку посвежо. Ќе има сончеви и периоди со повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат застапени во планинските подрачја но претежно ќе бидат во утринските и во доцните вечерни часови.

Ке дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува.

реклама

Утрнската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14  до 21, а највисоката се очекува да достигне  од 33 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно  со сончеви периоди со услови за краткотраен дожд  и со умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до околу 19, а највисоката дневна ќе достигне до  36 степени.

Во наредните денови ќе биде  сончево со мала до умерена локална облачност и малку по пријатно време. Дневната температура ќе опадне за неколку степени, но во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена  со краткотраен  пороен  дожд и ретки грмежи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: