Поврзи се со нас

Популарно.мк

ЕДЕН ДЕН ПРЕД НАСТАПОТ: Рудиментал ја откажа журката во Охрид

МК Сцена

ЕДЕН ДЕН ПРЕД НАСТАПОТ: Рудиментал ја откажа журката во Охрид

Организаторот на „Orange festival“ кој се случува денеска и утре во Охрид, во последен момент од менаџментот на Рудиментал добил соопштение во кое поради неодложни оправдани приватни причини го откажува својот настап закажан за 2 август во Охрид.

Со оглед на тоа дека илјадници фанови веќе обезбедија влезница за да бидат дел од оваа журка, организаторите во овие 24 часа се обидоа да најдат соодветна замена.

За таа цел, наместо нив, на 2 август со ист тајминг на плажа Немо свој настап ќе има дуото Milk and Sugar. Освен сетот на овие двајца извонредни диџеи со неброени настапи на Ибица, посетителите ќе добијат и бесплатен пијалак по сопствен избор.

Сите оние кои сакаат рефундирање на средствата за веќе купените влезници за Рудиментал, истото можат да го направат на продажните места од каде што ги купиле влезниците.

Оние што сепак ќе одлучат 2 август да го прослават на Немо, освен настапот на Milk and Sugar, ќе уживаат и во диџеј сетот на американскиот диџеј од Њујорк, Francis Mecier, како и во сетот на нашиот диџеј Бабура. Журката освен со четворицата диџеи ќе биде богата и со бесплатен пијалак по сопствен избор за сите посетители.

image-724cfc67e6ea9e416680b3f010fa497b201e7923e9fd306fe00f5608d64ffd62-V

Прагма Продукција жали за откажаниот настап на еден од најдобрите драм енд бејс бендови на денешницата, но причините несомнено ги спречуваат навреме да стигнат до Охрид. Воедно ветува незаборавна празнична журка со дуото Milk and Sugar.

Настапот на Рудиментал останува да се реализира од месец септември некаде во Скопје, за да се реваншираат на публиката која што со нетрпение ги очекуваше.

За потсетување, Milk and Sugar е германско дуо што продуцира извонредна хаус музика. Неколку пати ги освојувале германските топ листи, а биле и меѓу најслушаните 10 на британската листа. Ги освоиле и британските музички награди за најдобра независна хаус продукција. Неброени нивни хитови и денеска ги полнат клубовите од Мајами до Ибица. Посебен печат на нивната кариера оставил ремиксот на Love is in the air.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.