Следи нѐ
To Top

Марк Цукенберг и неговата сопруга Присила Чан очекуваат бебе

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, соопшти дека тој и неговата сопруга Присила Чан очекуваат девојченце.

На семејната фотографијаи со која ја соопштија радосната вест, двојката, исто така, ги сподели и проблемите со кои се соочувале додека се обидувале да го основаат семејството.

реклама

„Сакаме со Вас да го споделиме нашето искуство“, напиша Марк. „Веќе неколку години се обидувавме да добиеме бебе и во тој период имавме три спонтани абортуси“.

-Ова ќе биде ново поглавје во нашите животи. До сега бевме благословени да влијаеме врз животите на другите луѓе. Сила како доктор и воспитувач, а јас низ социјалната заедница и филантропија. Сега ќе се фокусираме светот да го направиме подобро место за нашето дете и следната генерација, кажа Марк.

Цукерберг одлучил деталите од својот приватен живот и проблемите на спонтаните абортуси да го сподели за да помогне да се развие разбирањето, толеранцијата и надежта меѓу луѓето во текот на тешките периоди.

„Кога ќе дознаете дека ќе добиете дете, полни сте со надеж. Веднаш почнувате да замислувате какво детето ќе биде и во каква личност ќе израсне. Почнувате да правите планови кои во моментот се уриваат. Тогаш се чуствувате осамено бидејќи повеќето луѓе не сакаат да разговараат за спонтаните абортуси и за своите проблеми. Тогаш се борите сами со сбе.“

Цукерберг додаде дека почнал да зборува со своите пријатели и сфатил дека проблемите кои се однесуваат на бременоста се се само не премногу вообичаени.

„Се надеваме дека споделувањето на нашето искуство на луѓето ќе им ја даде онаа надеж која и ние ја почуствуваме и дека ќе бидат послободни да ги споделуваат своите проблеми со други за да им биде полесно.“

Марк и Присила се венчаа во 2012 година на свеченост која се одржа во дворот од нивната куќа во Пало Алто во Калифорнија, пред околу 100 гости.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.