Поврзи се со нас

Популарно.мк

ФОТО: Кирил Џајковски го „запали“ во Охрид!

МК Сцена

ФОТО: Кирил Џајковски го „запали“ во Охрид!

Како што се очекуваше, продолжението на Хајнекен Грин Бич Фестивал слеа реки луѓе на настанот број еден летово. Откако фантастичниот Фед Ле Гранд во петокот (31.07) ги запали привилегираните присутни на плажа Парк, очекуваната желба на цела публика за уште многу играње, беше задоволена на највисоко можно ниво.

Во само две недели, Кирил Џајковски успеа да ги потврди своите квалитети на двата најголеми настани во Македонија оваа година – Хајнекен Грин Бич Фестивал и Д Фестивал. Вчера, плажата Парк во Охрид, каде веќе 6-то лето се одржува водечкиот електро денс настан во во нашата земја, се наполни до врв! Според процените, на вториот ден од Хајнекен Грин Бич Фестивал присуствуваа над 10.000 луѓе, меѓу кои беше забележителен бројот на туристи од целиот свет.

Неуморниот Кирил Џајковски, прекрасната ТК Вондер и Австралијанецот ЕмСи Васп го задржаа интензитетот од првата фестивалска ноќ и воодушевија на само ним својствен начин. Од друга страна, посетителите на Хајнекен Грин Бич Фестивал максимално ја искористија можноста и го исцрпија целиот потенцијал на спектаклот.

Среќните лица на тие што присуствуваа, неизмерната позитивна енергија и бескрајното танцување во двата фестивалски дена, се вистинската вредност на 6-от Хајнекен Грин Бич Фестивал.

На екипите на Пасворд Продакшн и Октопуси Ентертејмент им претставува огромно задоволство што Хајнекен Грин Бич Фестивал прерасна во еден од највозбудливите EDM настани во регионот. Граден по највисоките критериуми на планетарната денс елита, Хајнекен Грин Бич Фестивал докажа дека е возможно во Македонија да се случи журка која ќе се носи со најатрактивните подиуми во светот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.