//
Следи нѐ
To Top

ФОТО: Пуштена новата фонтана на плоштадот „Македонија“

Пуштена е во употреба новата површинска фонтана на плоштадот „Македонија“. Се работи за таканаречена сува фонтана (џампинг џет), лоцирана на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот во Камениот мост.

Фонтаната има правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито е изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри.

реклама

На плочите од фонтаната поставени се ЛЕД светилки со отвори за вградување млазник.

Фонтаната ја сочинуваат 128 млазници со 128 светилки.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: