Поврзи се со нас

Популарно.мк

Санирана оштетената електродистрибутивна мрежа во Тетовско

Актуелно

Санирана оштетената електродистрибутивна мрежа во Тетовско

Екипите на ЕВН Македонија ја санираа оштетената мрежа во Тетовско, како последица од силното невреме кое вчера го зафати регионот.

Вонредно силните врнежи и ветрот предизвикаа значителни оштетувања на електродистрибутивната мрежа, а со тоа и прекини во снабдувањето на електрична енергија.

– Корисниците во тетовското градско подрачје и од останатите пристапни места во регионот повторно имаат напојување со електрична енергија, благодарејќи на напорите на теренските екипи на ЕВН Македонија од Тетово кои за справување со последиците од невремето добија засилување од колегите од околните градови, соопштија од ЕВН.

Поради невремето, голем број електрични столбовите беа паднати, електричните кабли искинати, а без електрична енергија останаа селата: Шипковица, Вејце, Бродец, Бозовце, Вешала, Нераште.

Во регионот околу селата Шипковица и Нераште, во завршна фаза е инспекцијата на целиот среднонапонски вод преку кој се снабдува овој регион и санацијата на паднатите електрични столбови. Се очекува во во текот на денот да се врати напојувањето со електрична енергија и во овие населени места.

Засилените екипи на ЕВН Македонија, како што посочуваат, и понатаму остануваат на терен во Тетово за успешно да ја завршат санацијата на преостанатите дефекти.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.