Следи нѐ
To Top

УХМР: Попладне повторно дожд, грмежи и засилен ветер

Во Македонија попладнево ќе биде нестабилно облачно со дожд, грмежи и засилен ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поинтензивни и пообилни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови на земјата.

Температурата ќе биде од 28 до 35 степени, а УВ индексот 7.

реклама

Според УХМР, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Штип, 40 литри на метар квадратен, потоа во Прлеп 33, Битола 27, Струмица и Крушево 14, Пожаране 13, Дојран 11, Берово и Виница 10, Тетово 9, Скопје и Крива Паланка 8, Охрид, Лазарополе и Претор 4, Демир Капија и Гевгелија 3 и Дебар еден литар на метар квадратен.

За утре, УХМР најавува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на кратотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја во западните и јужните делови од земјата. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 30 до 37 степени.

Во следниот период Македонија ќе биде под влијание на реалтивно влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови времето во поголемиот дел да биде сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови со локална појава на краткотраен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни на планините во западните и јужните делови. Темпаратурите нема значително да се менуваат, највисоки ќе бидат во четврток, од 31 до 38 степени, а за време на викендот пониски, од 28 до 35 степени.

Во почетокот на идната недела, температурите повторно ќе бидат во благ пораст.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.