//
Следи нѐ
To Top

Ден на жалост во Тетово

Во  Тетово денеска и утре е ден на жалост.

Одлуката ја донесе вчера Советот на Општина Тетово по завчерашното силно невреме во Тетовско  во кое починаа четири лица, едно девојче се води за исчезнато, а најмалку 11 се повредени.

реклама

Во невремето починаа Х.Ф. (83) и А.М. (14) од Шипковица, А.И. (7) од Тетово и Р.А. (15) од Шипковица.  Причинета е и голема материјална штета на приватни и државни имоти, објекти, инфраструктура, земјоделски земјишта, …. Над 200 објекти, според првичните информации, се значително оштетени.  Висината на штетите ќе ја проценува Комисија формирана од Владата, со чија одлука погодените семејства ќе добијат еднократна парична помош од по 30.000 денари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: