Следи нѐ
To Top

Албанската влада издвои 50.000 евра помош за Тетово

Албанската влада издвои 50 илјади евра за ублажување на последиците од поплавите во Тетовско и искажа длабоко сочувство за семејствата на настраданите.

– Се доделува финансиска помош на Владата на Република Македонија за ублажување на штетите предизвикани од поплавите. За таа цел се издвоени средства од 50 илјади евра, стои во одлуката на албанската Влада.

реклама

Веста најпрво на својот профил на Фејсбук ја соопшти шефот на дипломатијата Дитмир Бушати, оценувајќи ја ваквата одлука како чин на солидарност и братска подршка за Тетово.

– Солидарост и братска подршка за Тетово. Денеска одобривме фонд од 50 илјади евра како помош за надминување на вонредната состојба во Тетово, напиша Бушати на неговиот профил на фејсбук.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.