Следи нѐ
To Top

Девојче од Англија попаметно од Ајншајн и Хокинг

Девојчето Никол Бар, која живее во една ромска заедница во Есекс, има повисок коефициент на интелигенција од најпаметните луѓе во денешницата.

Дванаесетгодишната Никол на тестот по интелигенција постигна резултати од неверојатни 162 поени и преку ноќ стана главна ѕвезда во Велика Британија.

реклама

Нејзиниот висок коефициент на интелигенција ја вклучува во групата од само еден отсто најпаметните луѓе на планетата, според стандардните тестирања што ги спроведува Менса.

Родителите на малата Никол биле изненадени со резултатот кој го постигна нивната ќерка.

– Отсекогаш беше препаметна и многу вредно девојче. Секој ден останува на дополнителна настава во училиштето, а сонува да биде лекар, рече гордата мајка Доли Бакленд (34).

Приказната за малата генијалка Никол се прошири низ цела ромска заедница и на социјалните мрежи.

Просечен коефициент на интелигенција кај возрасна личност е 100, а секое лице кое има IQ повеќе од 140 се смета за гениј. Научникот, Стивен Хокинг има IQ 160, колку што имал и познатиот Алберт Ајнштајн.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.