Следи нѐ
To Top

Нова дрога на улиците на Њујорк: Поради неа одат голи и мислат дека се најсилни

Полицијата во Њујорк мака мачи со нов вид на синтентичка марихуана која ја нарекле К2. Таа на конзументите има психотично дејство, поради кое тие имаат чувство дека се со натчовечка сила. Обично им е многу топло по конзумирањето, па на улиците шетаат како од мајка родени, пишува news.com.au. 

Новиот вид на синтетичка марихуана е евтин, поради што посебно е популарен меѓу бездомниците.

реклама

Се произведува од хемикалии кои имаат сличен ефект како THC па се меша со трева и се продаваат во пакетчиња со силни бои. Најчесто се пуши, но може да се пие и како чај. Забележани се и неколку смртни случаи.

– Кога се под влијание на оваа дрога, луѓето релативно не чувствуваат болка и имаат чувство на неверојатна сила па самите се изложуваат на можни повреди – рече полицискиот службеник Бил Брајтон.

Се појавиле и снимки на двајца мажи на таа дрога, еден од нив со дланки удирал по асфалт, додека друг со дланка се обидел да пробие ограда. Тројца полицајци се справувале со нив за да ги совладаат.

Синтетичката дрога не е проблем само во Њујорк, бидејќи се почести се случаи на злоупотреба и во Австралија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.