Следи нѐ
To Top

Почнува „Струмица опен фест“

Најмладите таленти од Струмица вечер во дворот на Домот на АРМ со концертот „Мали, а големи“ ќе ја отворат десетдневната манифестација „Струмица опен фест“, која ќе трае до 16 август.

Според претседателот на организацискиот одбор, Петар Божинов, се е подготвено за десетдневна забава, не само за струмичани, туку и за сите оние кои, како што рече, сакаат августовските вечери и ноќи да ги поминат исполнето и незаборавно.

реклама

– Годинава имаме навистина богата програма. Над 20 настани од областа на театарот, филмот, поезијата, уметноста и фолклорот, кои ќе се одвиваат на неколку локации во градот и во кои најбројни се младите. Секако, и годинава кулминацијата ќе биде во последните три ноќи, кога на големата фестивалска бина на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе настапат десетина домашни и светски естрадни ѕвезди и групи, изјави Божинов.

И годинава „Струмица опен фест“ главната финансиска поддршка од три милиони денари ја добива од буџетот на Општина Струмица.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.