Поврзи се со нас

Популарно.мк

Во Охрид успешно беше реализирана акцијата на Здравје Радово „Здравје во твои раце”

Актуелно

Во Охрид успешно беше реализирана акцијата на Здравје Радово „Здравје во твои раце”

Вчера во центарот на Охрид се случуваше интересна акција која ги соедини сите оние кои се грижат за своето здравје, сакаат да спортуваат, дружат и пијат здрав пијалок, јогурт. Се подаруваа и возеа велосипеди, се спортуваше и ширеа здрави навики.

– “Позитивни и среќни лица, убава атмосфера надополнета со ширење на здрави навики, возење велосипеди и конзумирање на јогурт, еден од најздравите пијалоци кој секојдневно треба да го пиеме. Таква е сликата која што вчера можеше да се види во центарот во Охрид, благодарение на успешно реализираната кампања на Здравје Радово ,,Здравје во твои раце”. Задоволен сум од заинтересираноста на сите посетители да ги применуваат здравите навики. Среќен сум што допринесовме за дополнителна среќа и измамивме насмевки кај дечињата од социјално загрозените семејства кои добија подарок велосипед. Оваа акција беше со цел да се помогне, да се шират здрави навики и покаже една поинаква димензија на спортување и дружење.”– изјави Александар Блажевски, односи со јавност во Здравје Радово

На настанот се реализира и акцијата Велoдарност, во која беа донирани велосипеди за најмладите од социјално загрозените семејства во Охрид.

Акцијата ќе се реализира и низ повеќе градови низ Македонија, каде што ќе се шират здравите навики и подаруваат велосипеди. Целта на овие настани и акции е да им покаже на најмладите дека возењето на велосипед и консумацијата на јогурт се важни навики кои се многу значајни за нив.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.