Следи нѐ
To Top

Втор TEDxBASSalon настан во Скопје: “Економската пресметка: Запад VS. Исток”

Економија, глобални политики, Америка, Кина, движења на капитал, долгови, инвестиции. Често дискутирани теми и поими кои еден тим од млади ентузијасти веруваат дека треба да бидат приближени кон љубопитните умови на сите македонски TED љубители и тоа со помош на вториот од серијата шест лиценцирани TEDxBASSalon настани.

Втор TEDxBASSalon настан во Скопје: "Економската пресметка: Запад VS. Исток"

Темата како што велат организаторите ќе биде “Економската пресметка: Запад vs. Исток” а целта на настанот ќе биде истовремено едуцирање на учесниците за Кинескиот економски модел и поттикнување на дискусијата чија што цел ќе биде утврдување на причините за успешност на кинескиот економски модел а воедно и откривање на последиците од рапидното развивање на кинеската економија. Меѓудругото, на настанот ќе се бараат и одговори на прашањата од типот на:

реклама

“Кина во декември, минатата година го превзеде приматот од САД и стана број 1 економија во светот во однос на големина. На што се должи ваквиот успех? Како Истокот успеа да го прекине 140-годишното економско лидерство на Западот? Благодарение на ваквиот успех многу држави со аспирација гледаат кон Кинескиот економски модел. Но, дали овој економски модел е навистина толку добар? Кои се можните или пак веќе присутните последици од ваквото рапидно развивање на кинеската економија? Истотака, алараманти се најавите за големиот троен скок на економијата на Кина до 2024. Вистинското прашање е дали Кина ќе успее да избегне економска имплозија до годината 2024?”

Втор TEDxBASSalon настан во Скопје: "Економската пресметка: Запад VS. Исток"

По успешно организираниот прв салонски TEDx на темата “Дали образовниот систем ја убива креативноста кај младите”, ова ќе биде вториот TEDxBASSalon кој овој тим ќе го организира. Имено, настанот повторно ќе биде организиран со поддршка од Бизнис академија Смилевски – БАС, NGO SmartUp – Creating the geeks of tomorrow и Фондацијата за младински развој и вмрежување.

Форматот на настанот како што велат организаторите сеуште ќе биде Salon настан, со прикажуза американска интернационална политика господинот Joseph Nye: Global poвање на два подкаста од официјални говори на TED и тоа: број 1 експертот wer shifts и авторот и еден од водечките експерти во светот во полето на економија, Dambisa Moyo: Is china the new idol for emerging economies? Исто така, ќе се работи со еден модератор, Дамјан Николовски, претседателот на НМСМ кој ќе ја води дискусијата, двајца експерт гости и мала група од 20 учесници кои ќе бидат избрани преку апликациониот процес.

Втор TEDxBASSalon настан во Скопје: "Економската пресметка: Запад VS. Исток"

И за крај, како последна порака од организаторите би сакале да го споделиме ова:

“Запомнете, целта на настанот е учење преку дискусија и слушање на искусни говорници а непосредно со тоа и вмрежување со луѓе кои ценат и сакаат интересни идеи. Овој настан не е наменет специфично само за студенти или професори по економија туку за секој оној кој би сакал да научи како изгледа Кинескиот економски модел или да слушне интересни мислења. Со тој дух, ве покануваме да присуствувате на вториот TEDxBASSalon!”

Настанот ќе се одржи на 13.08.2015 а учеството на настанот е бесплатно, но како што споменавме и погоре, бројот на учесници е мошне ограничен. Повеќе за настанот можете да најдете на: https://www.facebook.com/events/1465860513737765/ или пак на нивната фан страна: https://www.facebook.com/tedxbassalon .

Доколку сакате директно да аплицирате, кликнете тука.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Creative

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.