Следи нѐ
To Top

Пронајдено телото на малата Рина од Тетово

Утрово пронајдено е телото на пет и пол годишната Рина од Шипковица, која исчезна за време на поплавата минатата недела во Тетовско, потврди СВР Тетово.

– Според првични информации, денеска околу 11 часот и 30 минути полициски екипи во подрум од куќа во соседството ја пронашле пет и пол годишната Рина, која беше исчезната при големото невреме што во понеделникот ја зафати Шипковица и повеќе други места во Тетовско, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

реклама

Полицијата го обезбедува местото и допрва увид на самото место ќе се изврши од јавен обвинител, екипа на СВР Тетово и лекар по судска медицина.

Рина е шестата жртва во поплавите во тетовско.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.