Следи нѐ
To Top

Mајмунчето Лука вратено во Зоолошка и во добра состојба

Здравствената состојба на мајмунчето Лука, кое вчера беше украдено од Зоолошката градина во Скопје, е добра.

Како што информира Зоолошката градина, мајмунчето моментно е сместено во внатрешното живеалиште заедно со своето помало братче.

реклама

Лука вчера попладне околу 17 часот беше украден од двајца Кавадарчани. Тие ја исекле мрежата од надворешното живеалиште на мајмунчето и со прескокнување преку јужната заклучена капија од Зоолошката се упатиле кон паркингот, од каде потоа со возило заминале кон Велес.

Зоолошката градина од Скопје изразува благодарност за брзата интервенција на полицијата, како и до совесните посетители, очевидци на настанот, кои, како што наведува во соопштението, помогнале многу брзо, по пријавувањето во МВР, мајмунчето да биде најдено и вратено.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.