Поврзи се со нас

Популарно.мк

Ништо од повторно обединување на Спајс Грлс

Сцена

Ништо од повторно обединување на Спајс Грлс

Поранешната членка на Спајс Грлс, Ема Бантон за британски „The Sun“ ги негираше информациите според кои повторно ќе се собере групата и следната година ќе заминат на турнеја, пишува Би-Би-Си.

Весникот пренесе дека на меѓународната турнеја во 2016 година ќе тргнат четири од пет члеки на популарната бенд, затоа што меѓу нив нема да биде Викторија Бекам.

Новинарот Ден Вутон, кој го објави податокот, подоцна на Твитер напиша дека официјалната информација за турнејата ќе ја објави до крајот на годината. Објавено е дека Џери Халивел, Мелани Браун, Мелани  Чизом  и Бантон планираат да одржат повратничка турнеја, 20 години по првиот хит Wannabe од 1996 година.

– Ако нешто ново се случи и донесеме конкретна одлука, секако дека за тоа ќе ве информирам, изјави Бантон.

Мел Си твиташе: – Утрово се разбудив и се прашав дали треба да почнам со програмата за вежбање???, на што Бантон одговори: – А јас се прашувам дали да сплетам плетенки?!?

Членките на групата Спајс Грлс, познати по Џинџер, Пош, Бејби. Скери и Спорти продадоа повеќе од 75 милини албуми, а нивните сингл  на прво место биле девет пати.

Девојките станаа културолошки феномен кога во 90-ите години минатиот век се појавија на поп сцената. За тоа зборуваат и конкретни податоци, а завршија и во Гинисовата книга на рекорди.

Нивниот Wannabe е најпродаван сингл на сите времиња на некој женски бенд, прва група во историјата која своите први три синглови во кариерата ги продаде во повеќе од милион примероци, имаа најуспешен деби сингл на еден британски изведувач во САД.

– „Say You’ll Be There“, најдолго се задржа на првото место на британската топ листа на албумите во 90-тите (албум – Спајс – 15 недели, од ноевмри 1996 година до мај 1997 година) и имаа и најбрзо продаван албум на еден британски изведувач по славните Битлси.

Прочитај повеќе
Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.