Поврзи се со нас

Популарно.мк

Македонските одбојкари со 3:0 изборија финале во Европската лига

Одбојка

Македонските одбојкари со 3:0 изборија финале во Европската лига

Македонските одбојкари успеаја да се пласираат во финалето на Европската лига откако вечерва во полуфиналето во полскиот град Валбжих ја победија Естонија со 3:0 во сетови (25:23; 25:22 и 25:22) за 82 минути.

Со овој триумф нашите одбојкари им се реваншираа на Естонците за двата пораза во групата на почетокот на натпреварувањето. Воедно ова за Естонија беше прв пораз оваа сезона во Европската лига.

Во текот на првиот сет нашите одбојкари имаа постојано водство и сетот го добија со 25:23. Во вториот сет до средината Естонија имаше прдност, а потоа избраниците на селекторот Жарко Ристоски направија пресврт и сетот го добија со 25:22. И третиот сет нашите одбојкари го добија со 25:22 откако направија серија и имаа водство од 24:19.

По триумфот Јовица Симовски изјави:

– Одигравме перфектен натпревар на секое поле. Ако вака добро играме и утре во финалето имаме шанса за победа.

Во финалето утре од 20 часот Македонија ќе игра против Словенија, која во првото полуфинале ја победија Полска со 3:0 во сетови.

Пред финалето ќе се игра и дуелот за третото место меѓу Полска и Естонија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Одбојка

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.