Следи нѐ
To Top

Попис на штркови: Во Македонија има 817 гнезда на штркови

Во Македонија има 817 гнезда на штркови во кои има 2.023 млади и 1.638 возрасни птици, покажува пописот што го спроведе Македонското еколошко друштво на целата територија на државата.

– Пописот на штркови беше завршен во средината на јули пред младите штркови да ги напуштат гнездата. Задачата беше многу обемна, но благодарение на повеќе од дваесет волонтери и поддршката од локалното население низ целата држава успешно ја завршивме, вели Ксенија Путилин, вработена во Македонско еколошко друштво.

реклама

Последен пат ваков попис е спроведен во 1958 година од научникот Р.Јоветич и тогаш во Македонија имало вкупно 1.132 активни гнезда односно 315 гнезда повеќе од годинава. Во нив имало вкупно 3.576 млади и за разлика од сега, кога најголем број од гнездата се на електрични столбови или слични конструкции, тогаш гнездата биле на куќи.

Штрковите во Македонија се сметаат за богатство и тие се чест симбол во многу легенди и преданија. Едно од верувањата е дека штрковите заминуваат за африканскиот континент по празникот Макавеј на 14 август.

Состојбата со штрковите се следи низ цела Европа. Минатата и оваа година низ цела Европа се спроведуваше Седмиот меѓународен цензус на штркови во којшто ќе бидат вброени и резултатите од Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.