Поврзи се со нас

Популарно.мк

Вилијам и Кејт бараат заштита на нивните деца од „папараците“

Сцена

Вилијам и Кејт бараат заштита на нивните деца од „папараците“

Војводата и војводката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кетрин „Кејт“ Мидлтон испратија отворено оисмо до 24 најпознати и најголеми медиумски компании во светот, барајќи приватност и заштита за нивните деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, од агресивноста на „папараците“.

Во писмото, Вилијам и Кејт сметаат дека работите се веќе отидени предалеку и дека однесувањето на фоторепортерите-папараци, станало „алармантно“.

Гневната реакција на кралското семејство доаѓа по откривањето на „папараци“ како се кријат на приватното земјиште и во приватните шуми на семејството во Норфолк.

Фоторепортерите биле најдени замаскирани на разни начини, како се обидуваат да направат тајни фотографии од принцот Џорџ, како си игра со својата баба, но принцот Вилјам и неговата сопруга бараат и да се престане со постојаното следење на нивнот мал син, кој неодамна наполни две години, каде и да биде одведен, на неговата негувателка и воспитувачка, како и на персоналот на семејството.

Полицијата откри еден фотограф сокриен во багажник на автомобил, од каде опремен со можен телеобјектив, се обидувал да направи снимки низ малиот отвор на автомобилот меѓу багажникот и другиот дел од каросеријата.

Извори од кралското семејство за некои лондонски медиуми изјавиле дека токму принцот Вилијам е застапник за цврсто спротивставување на однесувањето на „папараците“, што се смета дека е последица на неговите обвинувања кон фоторепортерите и таблоидите, затоа што не и „даваа мир“ на неговата мајка, покојната принцеза Дијана.

Вилијам од секогаш верува дека токму „папараците“ и нивното прогонување на Дијана е причина за сообраќајната несреќа во Париз, во која таа загина.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.