Следи нѐ
To Top

Никола Ѓорѓиев: Немаме големи играчи, победивме дека игравме како тим

Македонската одбојкарска репрезентација го направи најголемиот успех со пласманот во финалето на Европската лига. Синоќа во полуфиналето нашата репрезентација ја победи со 3:0 во сетови фаворизираната Естонија, која на почетокот од групата постигна две убедливи победи над Македонија.

По триумфот капитенот на македонската репрезентација Никола Ѓорѓиев изјави дека победиле затоа што играле како тим.

реклама

– Естонија е добар тим. Изгубивме од нив во првите две кола и затоа сакав да играме на завршниот турнир бидејќи никогаш немам доживеано пораз како на тие дуели, рече Ѓоргиев.

Финалето од Европската лига Македонија – Словенија се игра со почеток во 20 часот, додека во предигра за 3. место ќе играат Полска и Естонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Одбојка

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.