Следи нѐ
To Top

Твитер го укина ограничувањето од 140 карактери за приватни пораки

Социјалната мрежа Твитер објави дека приватните пораки што се разменуваат преку мрежата во иднина нема да бидат ограничени на 140 карактери.

Ограничувањето со кое приватните пораки на Твитер не можеа да содржат повеќе од 140 карактери повеќе не важи, но таквото ограничување останува за твитовите.

реклама

Корисниците сега ќе може поедноставно да разговараат во приватни пораки, без испраќање на еден по друг делови од реченици, пишува денеска францускиот весник „Монд“.

Измените ќе бидат применети на апликациите под оперативен систем Андроид и иОС, како и веб страниците и пребарувачот Твитдек.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интернет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.