Следи нѐ
To Top

Македонските одбојкари се враќаат со сребро од финалето на Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација го освои второто место во Европската лига откако вечерва во финалето во полскиот град Валбжих загуби од Словенија со 3:0 во сетови.

Резултат по сетови: 25:21, 25:20 и 25:17.

реклама

Македонската репрезентација со освоеното второ место го подобри резултатот од лани кога беше полуфиналист и заврши на делба на третата и четвртата позиција.

Во дуелот за третото место Полска ја победи Естонија со 3:0 во сетови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Одбојка

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.