Поврзи се со нас

Популарно.мк

Од гром загина маж, а жена е тешко повредена во прилепско

Актуелно

Од гром загина маж, а жена е тешко повредена во прилепско

Педесет и петгодишен прилепчанец попладнево загина од удар од гром, а една жена е повредена и пренесена во Градската болница во Прилеп.

Според началникот на Службата за итна медицинска помош Гоце Јонзоски, станува збор за Гоце Трајкоски, роден 1960 година, пензиониран полицаец.

– Трагедијата се случила во атарот на прилепското село Беровци, во месноста Долно Садово пред 17 часот кога имаше силни грмотевици. Мажот и жената биле на отворено крај машина за нижење тутун, која најверојатно, го привлекла громот. Мажот починал на местото на несреќата,  а жената со тешки повреди е префрлена во Градската болница, изјави Јонзоски.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.