Следи нѐ
To Top

Индонезиски авион со 54 патници исчезна од радарите над провинцијата Папуа

Индонезиски патнички авион со 54 лица, што летал на национална релација, исчезна од радарите на воздушната контрола над реон на Источната провинција Папуа, соопшти Националната агенција за потрага и спасување.

– Изгубивме контакт со авионот, изјави шефот на агенцијата Бамбанг Соелисто.

реклама

Авионот и припаѓа на компанијата Тригана ер сервис“.

Во него имало 44 патници, пет деца и бебиња и петчлен екипаж.

Авионот летал од аеродромот „Сентани“ во Џајапура, престолнина на провинцијата Папуа, до јужниот град Оксибил.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.